Sony Xperia X - Примање повици

background image

Примање повици

Доколку примите дојдовен повик додека уредот е во режим на мирување или екранот е заклучен,
апликацијата за телефон се отвора преку целиот екран. Доколку примите дојдовен повик додека
екранот е активен, дојдовниот повик се прикажува како лебдечко известување т.е. минимизиран
прозорец што лебди брз отворениот екран. Кога ќе добиете такво известување, може да изберете
да одговорите на повикот и да го отворите екранот на телефонската апликација, или пак да го
одбиете повикот и да останете на тековниот екран.

Одговарање на повик кога екранот не е активен

Кога ќе пристигне повикот, повлечете го надесно.

Одговарање на дојдовен повик кога екранот е активен

Кога ќе добиете повик, во известувањето што ќе се појави во горниот дел од екранот,
допрете ОДГОВОР.

Наместо да одговорите на повикот, може да појдете до главниот екран на телефонската
апликација со допирање на прозорецот за известување. На овој начин имате повеќе
опции за управување со повикот. На пример, може да одлучите да го одбиете повикот со
порака.

Одбивање дојдовен повик кога екранот е неактивен

Кога ќе пристигне повикот, повлечете го налево.

Одбивање повик кога екранот е активен

Кога ќе добиете повик, во известувањето што ќе се појави во горниот дел од екранот,
допрете Отфрли.

Наместо да го одбиете повикот, може да појдете во главниот екран на телефонската
апликација со допирање на горниот дел од прозорецот на известувањето. На овој начин
имате повеќе опции за управување со повикот. На пример, може да одлучите да го
одбиете повикот со порака .

72

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

За да се исклучи звукот на тонот на ѕвонење за дојдовен повик

Кога примате повик притиснете го копчето за јачина на звукот.

Користење на телефонската секретарка

Може да ја користите апликацијата за телефонска секретарка на уредот за одговарање на
повиците кога сте зафатени или за нивно пропуштање. Може да ја вклучите функцијата за
автоматско одговарање и да наведете колку секунди да поминат пред да се одговори автоматски
на повикот. Може и рачно да ги пренасочувате повиците до телефонската секретарка кога сте
презафатени да одговорите. Подоцна може да ги преслушате пораките оставени на телефонската
секретарка.

Мора да снимите поздравна порака за да ја користите телефонската секретарка.

Снимање поздравна порака за телефонската секретарка

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Повици > Телефонска секретарка на
Xperia™
> Поздрави.

3

Допрете Сними нов поздрав и следете ги инструкциите на екранот.

Вклучување автоматско одговарање

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Повици > Телефонска секретарка на
Xperia™
.

3

Допрете го лизгачот покрај Телефонска секретарка.

Доколку не поставите време на одложување за автоматското одговарање повици, се
користи стандардната вредност.

Поставување време на одложување за автоматското одговарање

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Повици > Телефонска секретарка на
Xperia™
.

3

Допрете Јави се по.

4

Прилагодете го времето лизгајќи нагоре и надолу.

5

Допрете Готово.

Пренасочување на дојдовниот повик до телефонската секретарка

Кога ќе пристигне повикот, допрете Опции за одговор, а потоа изберете Одбиј со
телефонската секретарка
.

Кога ќе пристигне повикот, може да почекате да помине поставеното време на
одложување за телефонската секретарка автоматски да одговори на повикот.

Преслушување пораки на телефонската секретарка

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Повици > Телефонска секретарка на
Xperia™
> Пораки.

3

Одберете ја гласовната порака што сакате да ја преслушате.

Пораките од телефонската секретарка може да ги преслушате и директно од дневникот
на повици доколку допрете .

Одбивање повик со текстуална порака

Може да одбиете повик со текстуална порака што автоматски му се испраќа на повикувачот и се
зачувува во разговорот со пораки за контактот.
Може да одберете од однапред дефинираните пораки достапни на уредот или да креирате нова
порака. Може и да креирате свои персонализирани пораки со уредување на однапред
дефинираните.

73

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Одбивање повик со текстуална порака кога екранот не е активен

1

Кога ќе пристигне дојдовниот повик, допрете ОПЦИИ ЗА ОДГОВОР.

2

Изберете претходно дефинирана порака или допрете Напиши нова порака.

Одбивање повик со текстуална порака кога екранот е активен

1

Кога ќе добиете дојдовен повик, допрете во горниот дел на прозорецот за известување
каде што се прикажува телефонскиот број или името на контактот.

2

Допрете ОПЦИИ ЗА ОДГОВОР.

3

Изберете претходно дефинирана порака или допрете Напиши нова порака.

Одбивање втор повик со текстуална порака

1

Кога ќе слушнете повторливи бипови во текот на повикот, допрете ОПЦИИ ЗА
ОДГОВОР
.

2

Изберете претходно дефинирана порака или допрете Напиши нова порака.

Уредување на текстуалната порака за одбивање повик

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Повици > Одбиј повик со порака.

3

Допрете ја пораката што сакате да ја уредите, а потоа направете ги неопходните промени.

4

Допрете OK.