Sony Xperia X - NFC

background image

NFC

Користете Near Field Communication (NFC) за да споделувате податоци со други уреди, како што се
видеа, фотографии, адреси на веб-страници, музички датотеки или контакти. Може да користите
NFC и за да ги скенирате ознаките коишто ви даваат повеќе информации за производот или
услугата, како и ознаките коишто активираат одредени функции во уредот.
NFC е безжична технологија со максимален опсег од еден сантиметар, така што уредите коишто
споделуваат податоци мора да се држат блиску еден до друг. За да може да користите NFC, мора
прво да ја вклучите функцијата NFC, а екранот на уредот мора да биде активен и отклучен.
Областа за препознавање NFC е лоцирана на предниот дел од уредот. Поставете го уредот
блиску до другиот уред или до NFC-читачот, така што областите за препознавање NFC да се
допираат.

122

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

NFC може да не е достапен во сите земји или региони. Доколку користите одредени
апликации, некои NFC-функции може да се вклучени дури и кога уредот е исклучен. Сите
уреди не ја поддржуваат оваа функција.

Вклучување или исклучување на функцијата NFC

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе.

3

Допрете го лизгачот NFC .

Споделување контакт со друг уред со помош на NFC

1

Проверете дали функцијата NFC е вклучена и на двата уреда и дали екраните им се
активни и отклучени.

2

За прегледување на контактите, појдете на својот Почетен екран, допрете на , па
допрете на .

3

Допрете го контактот што сакате да го споделите.

4

Држете ги вашиот уред и приемниот уред еден до друг, така што областите за
препознавање NFC од секој уред да се допираат. Кога уредите ќе се поврзат, ќе се појави
мала слика од контактот.

5

Допрете ја малата слика за да започне преносот.

6

По завршување на преносот, информациите за контактот се зачувуваат во приемниот уред
и се прикажуваат на неговиот екран.

Споделување музичка датотека со друг уред со помош на NFC

1

Проверете дали функцијата NFC е вклучена и на вашиот уред и на приемниот уред и дали
екраните им се активни и отклучени.

2

За да ја отворите апликацијата Music, допрете , потоа пронајдете и допрете .

3

Одберете музичка категорија и пребарајте ја песната што сакате да ја споделите.

4

Допрете ја песната за да се репродуцира. Потоа може да допрете за да ја паузирате.
Преносот работи без разлика дали песната се репродуцира или е паузирана.

5

Песната треба да биде прикажана на цел екран.

6

Држете ги вашиот уред и приемниот уред еден до друг, така што областите за
препознавање NFC од секој уред да се допираат. Кога уредите ќе се поврзат, ќе се појави
мала слика од песната.

7

Допрете ја малата слика за да започне преносот.

8

По завршување на преносот, музичката датотека се зачувува во приемниот уред.

9

За да ја прикажете музичката датотека, допрете двапати на лентата за статус за да се
отвори паното со известувања и потоа допрете Beam заврши.

123

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Споделување фотографија или видео со друг уред со помош на NFC

1

Проверете дали функцијата NFC е вклучена и на двата уреда и дали екраните им се
активни и отклучени.

2

За да ги прегледате фотографиите и видеата во уредот, појдете во Почетен екран,
допрете на , па пронајдете и допрете Албум.

3

Допрете на фотографијата или видеото што сакате да се сподели.

4

Држете ги вашиот уред и приемниот уред еден до друг, така што областите за
препознавање NFC од секој уред да се допираат. Кога уредите ќе се поврзат, ќе се појави
мала слика од фотографијата или видеото.

5

Допрете ја малата слика за да започне преносот.

6

По завршување на преносот, фотографијата или видеото се зачувува во приемниот уред.

Споделување веб-адреса со друг уред со помош на NFC

1

Проверете дали функцијата NFC е вклучена и на двата уреда и дали екраните им се
активни и отклучени.

2

Од својот Почетен екран, допрете ја .

3

За да го отворите веб-пребарувачот, пронајдете и допрете .

4

Вчитајте ја веб-страницата што сакате да ја споделите.

5

Држете ги вашиот уред и приемниот уред еден до друг, така што областите за
препознавање NFC од секој уред да се допираат. Кога уредите ќе се поврзат, ќе се појави
мала слика од веб-страницата.

6

Допрете ја малата слика за да започне преносот.

7

Кога преносот ќе заврши, веб-страницата се прикажува на екранот од приемниот уред.

Скенирање ознаки за NFC

Уредот може да скенира разни видови ознаки за NFC за да добиете дополнителни информации,
како што се веб-адреси. На пример, може да скенира ознаки вградени во постери, реклами на
билборди или покрај производите во продавница.

Скенирање ознака за NFC

1

Проверете дали е вклучена функцијата NFC на уредот и дали екранот е активен и
отклучен.

2

Поставете го уредот преку ознаката, така што областа за препознавање NFC да ја допира.
Вашиот уред ја скенира ознаката и ја прикажува собраната содржина. Допрете ја
содржината од ознаката за да ја отворите.

Поврзување со уред компатибилен со NFC

Може да го поврзете уредот со други уреди компатибилни со NFC произведени од Sony, како
звучници или слушалки. Кога воспоставувате таква конекција, побарајте повеќе информации во
упатството за компатибилниот уред.